Ја криела вистината од својата мајка: Cardi B работела како стриптизерка
Иако на 61-то доделување на Греми наградите, Карди Б влезе во историјата како прва американска раперка која го освои златниот грамофон за најдобар рап албум на годината, во нејзиниот живот не секогаш било сè одлично, ниту пак живот и бил лесен.
Нејзиното вистинско име е Belcalis Marlenis Almánza, а таа пораснала во областа Бронкс во Њујорк, а додека била помлада, таа заработувала пари работејќи како стриптизерка. Таа вели дека била принудена тоа да го работи, бидејќи во спротивно ќе завршела на улица. Таа ја криела вистината од нејзината мајка, а кога и признала дека е стриптизерка, се скарале и оттогар никогаш повеќе не разговарале.
Ниту нејзиниот љубовен живот не бил баш најдобар. Поранешниот дечко Tommy ја злоставувал, а дури кога таа се разделила од него се појави на музичката сцена. После тоа, следат естетски операции со цел да изгледа што е можно подобро и да изгради професионална кариера.
Кога стана позната, во нејзиниот живот се појави раперот Offset со кого венчаше и ја доби ќерката Кulture. Сепак, тие се разделија по 15 месеци брак.