Jaden Smith ќе го глуми малдиот Kanye West во новата серија

8 мај, 2019
3

 Според магазинот Deadline, Kanye West се подготвува за почетокот на снимањето на проектот за ТВ – каналот Showtime. West  се подготвува за серијата Omniverse, во која ќе ja игра една од главните улоги.

Но, улогата на младиот херој според сценариото ќе му припадне на синот на актерот и музичар Will Smith, Jaden Smith. Серијата ги истражува темите за „повеќе перцепции“ и „алтернативна реалност”.

И покрај тоа што West и Smith се сосема различни еден од друг, според креаторите на серијата, „и двајцата имаат хаотична енергија”, што ги прави слични на екранот. Првата сезона на Omniversе ја истражува темата за човечкото его, која треба да биде невообичаено блиску до главните ѕвезди.