Jennifer Aniston изјави дека е подготвена за повторно обединување на „Friends“

7 јуни, 20190
ЈА

Дали ќе се согласат и останатите?

Фановите на серијата „Friends“ повторно се понадеваа дека  наскоро ќе го видат продолжението на популарната серија. А овој пат главниот виновник е актерката Jennifer Aniston, која за време на гостувањето во емисијата на Ellen одговори на прашањето дали би сакала повторно да глуми во reunion на серијата.

Jennifer одговори дека таа со задоволство би го направила тоа ако некој сака да направи такво нешто, но дека не може да замисли какво би било дејствието во серијата. Истиот проблем претходно беше споменат од страна на другите актери од серијата, наведувајќи дека дејствието на серијата е животот на 20 и 30-годишни луѓе и дека не веруваат дека гледачите сакаат да ги видат како сите овие ликови живеат со своите семејства во некое друго опкружување.

David Schwimmer на ова прашање одговори во јануари и објасни дека навистина се сомнева дека луѓето би сакале да ги гледаат нивните омилени ликови со патерици и во некое постаро издание. Courtney Cox и Lisa Kudrow изјавија дека се за, но истите не се сигурни за иднината на проектот, додека Matthew Perry и Matt LeBlanc се против.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi