Julia Roberts мисли дека филмот „Pretty Woman“ денес не би успеал

19 март, 20190
pwj

Не мисли дека тоа е приказна за 2019.

„Pretty Woman“ без сомнение е култен класик меѓу романтичните комедии, но има толку многу работи во приказната кои веќе не „поминуваат“ во ова време. Дури и Џулија Робертс мисли така!

Да се потсетиме, ова е филм од 1990. година за проститутка (Робертс), која е „спасена“ од богат бизнисмен (Ричард Гир), тие се вљубуваат и живеат среќно до крајот на животот. Филмот и во минатото се соочи со критики за неговото анти-феминистичко сценарио, па дури осум актерки ја одбија улогата пред да ја прифати Робертс.

Една од нив е Дерил Хана, која во 2007. година рече дека ја продале целата приказна како модерна бајка, a всушност тоа е проститутка која станува дама под покровителство на еден богат и влијателен човек. „Мислам дека филмот е деградирачки за целиот женски род“, заклучи тогаш Хана.

Сега, речиси 30 години подоцна, Џулија Робертс во интервју за The Guardian призна дека таа не мисли дека тој филм во ова време не би можел да доживее светли денови. „Има толку многу дупки во приказната, но не мислам дека луѓето поради тоа не можат да уживаат во него.” рече Робертс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *