Како Ralph & Russo го создадоа фустанот на Maleficent?

15 октомври, 20190
M

Новиот филм за авантурите на вештерката Maleficent не можеше да помине без statement фустани, а еден од нив беше оној на модната куќа Ralph & Russo, за чие создавање, дизајнерскиот тим  потроши дури 700 часа!

„Не се случува често да мора да смислувате фустани кои можат да се комбинираат со рогови и крилја“, се пошегува Тамара Ралф, дизајнерката на брендот Ralph & Russo. Но, дури и во вакви необични околности, Тамара и Мајкл беа во можност да ги израдуваат сите страни – Анџелина Џоли, која ги препорача Ralph & Russo, продукциската куќа задолжена за снимање и главниот костимограф, Елен Мирожник.

Работата на фустанот започна со создавање на база од тул. По постигнување на совршениот изглед, дизајнерите развија црни декор фустани, а потоа буквално ги составија парчињата облека со помош на специјален силикон. Острите искинати контури на фустанот беа додадени за да се создаде ефект на “цртање на кожата” и да се потенцира карактерот на главниот лик Maleficent.

„Ова е многу, многу мрачен фустан, но ја нагласува моќта на хероината“, вели Тамара Ралф. „Анџелина навистина ни помогна додека работевме на овој фустан, така што целокупниот впечаток на крајот изгледаше неверојатно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *