Кети Пери буквално светна на Мет Гала

7 мај, 2019
keti

Кети Пери обожава да експериментира со нејзините модни избори, а понекогаш сака и да претера, поради што честопати е на метата на критичарите, како на пример на минатогодишната Мет Гала кога таа се појави на црвениот тепих со крилја. Оваа година среќата беше на нејзина страна и темата на забавата совршено се совпадна со нејзиниот избор на облека.

За оваа пригода, Кети одбра еден од нејзините омилени брендови, а се разбира, тоа е Moschino, а Moschino ја претвори во кристален лустер. Платинестата боб перика и минималната шминка совршено ја заокружија оваа екстравагантна модна приказна.