18 февруари, 2019

Радио

Во неделата во Staples Center во Лос Анџелес, се одржа доделувањето на Grammy, која е една од најпрестижните музички награди.

Ѕвездата на вечерта несомнено беше Cardi B (26), првата жена што освои Grammy за најдобар рап албум „Инвазија на приватност“. Наградата за албум на годината, ја освои Kacey Musgraves (30).

Една од главните ѕвезди на вечерта беше и Лејди Гага, која од почетокот на годината, медиумите ја нарекоа „најголемиот губитник“ по секое претходно доделување. Таа освои награда за најдобро поп-дуо за песната „Shallow“ што ја изведе со Bradley Cooper и освои награда за најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin“?.

За песната на годината, прогласена е „This is America“, во изведба на Donald Glover и Ludwig Goransson. Во категоријата за најдобар изведувач, прогласена е Dua Lipa. Grammy наградата за најдобар албум на годината, отиде во рацете на Ariane Grande за албумот „Sweetener“. За најдобра dance песна е прогласена Electricity, во изведба на Silk City, Dua Lipa, Diplo i Mark Ronson. За најдобра рап песна, награден е Drake за песната “God’s Plan”. Со Grammy си отидоа и Kendrick Lamar, Jay Rock, Future и James Blake, за најдобра рап изведба на песната „King’s Dead“.

За најдобар R&B албум е прогласен “H.E.R. H.E.R“, а најдобра R&B’ песна, Boo’d Up ‘, во изведба на Larrance Dopson, Joelle James, Ella Mai i DijonMcFarlane. Среќна со Grammy си замина и Greta Van Fleet за најдобар рок албум “From The Fires“. Исто така славеа и Jack Antonoff и Annie Clark, кои ја освоија наградата за најдобра рок-песна “Masseduction“.

 

Остави коментар

Почетна // Забава // Кој славеше на доделувањето на Grammy?
Горе