25 април, 2019

Радио

Дали мислевте дека Камерон никогаш нема да ги заврши продолженијата на „Аватар“? Па, ги заврши!

Џејмс Камерон КОНЕЧНО го заврши снимањето на две продолженија на неговиот „Аватар“ од 2009. година!

Мегаломанскиот проект на Камерон за планетата Пандора подразбираше паралелно снимање на двата филма, кое траеше цели десет години.

„Аватар 2“ ќе пристигне во декември 2020. година, додека „Аватар 3“ ќе го гледаме во декември 2021. година, пренесе “Indipendent”.

Пред две години, Камерон, објави дека ќе има вкупно пет филмови!

Ова е навистина импресивен план, имајќи в предвид дека подготовката и снимањето на првиот филм траеше речиси десет години.

Главната улога во следните четири продолженија ја толкуваат Клифт Кертис, кој ќе го глуми Тоновари, лидерот на племето Метјакин.

Ако сте заборавиле што најавуваше Камерон, акцијата на овие филмови се наоѓа во подводниот свет.

Улогите во првиот дел ќе ги повторат Сем Вортингтон, Зои Салдана и Сигурни Вивер.

Потсетете се!

Остави коментар

Почетна // Забава // КОНЕЧНО пристигнуваат продолженијата на „Аватар“!
Горе