19 мај, 2019

Радио

Адаптација на книгата „The Devil in the White City“.

Обожавателите на Leonardo DiCaprio и на мистериозните приказни за сериски убиства, можат да се радуваат на новата серија „The Devil in the White City“.

Leonardo DiCaprio и Martin Scorsese ќе бидат извршни продуценти на серијата, заедно со Stacey Sher, Rick Yorn, Emmom Koskoff и Jennifer Davisson, додека продукциската куќа Paramount ќе биде задолжена за сеопфатната продукција.

„Ѓавол во белиот град“ е адаптација на истоимената книга на Erik Larson, вистинска приказна за двајца мажи, архитект и сериски убиец, чии судбини ќе се спојат на саемот во Чикаго во 1893. година: Daniel H. Burnham, брилијантен и префинет архитект кој се бори за да остави свој белег во светот и Henry H. Holmes, харизматичен и лукав доктор кој изградил свој фармацевтски „Замок на убиства“.

Остави коментар

Почетна // Забава // Leonardo DiCaprio и Martin Scorsese подготвуваат нова серија
Горе