Lily-Rose Depp и Timothée Chalamet – новиот моден пар
2 јануари, 20190
Новата актерска двојка со завиден моден вкус.
Lily-Rose Depp веќе одамна е позната во модните кругови по својот одличен вкус, кој го наследила од познатата мајка, пејачка и актерка Vanesse Paradis.
И додека моментално го промовира филмот L’Homme Fidele во друштво на Laetitie Caste во Париз, премиерата не е единственото нешто со што актерката е преокупирана.
Актерот Тимоте Чаламет, се почесто го гледаат во друштво на француските „ИТ-девојки“, а оваа година, исто така, беше именуван за еден од најдобро облечените актери.
Какви се модни комбинации ни подготвува младата љубов, едвај чекаме да видиме.