20 септември, 2019

Радио

Според пишувањето на „Hollywood Life“, Лејди Гага и Бредли Купер планираат нова соработка на големото платно, и повторно, во сосема различни околности, треба да глумат пар.

По љубовна драма што ги спои, сега на ред е научно фантастичен спектакл, третото продолжение на „Guardians Of The Galaxy“.

Обожавателите, се разбира, едвај ги дочекаа овие информации. Комбинација на драмата од големото платно во филмот “A Star Is Born” и драмата во реалниот живот, поради што Купер се раздели од долгогодишната девојка Ирина Шајк, сè уште е врвна тема. Фановите сакаат повеќе, а за тоа очигледно се свесни и холивудските студија.

Остави коментар

Почетна // Забава // Љубовниот пар повторно заедно: Лејди Гага и Бредли Купер изгледа не можат еден без друг!
Горе