Meghan Markle и Beyonce блеснаа на премиерата на „The Lion King“

15 јули, 20190
ј

Гламурозна премиера

 Овој викенд беше полн со интересни настани, а еден од нив секако ќе остане запаметен. Имено, Beyoncé и Meghan Markle конечно се сретнаа додека кралската двојка ја поздравуваше филмската екипа на премиерата на новата адаптација на The Lion King“. Меѓу нив беа Sir Elton John, Pharrell и Seth Rogen. Пејачката и војвотката се поздравија со долга прегратка пред да разговараат, покрај нив беа нивните сопрузи Jay-Z и принцот Harry.

Кралската двојка во неделата присуствуваше на настанот кој го обележа премиерата на филмот на  Leicester Squar, каде што разговараа со обожавателите и се сретнаа со актерите од филмот пред да се упатат за да го погледнат римејкот на Disney. Војвотката од Сасекс изгледаше елегантно, одејќи по златниот тепих во црниот фустан на Jason Wu со проѕирни ракави, искомбиниран со Gucci ташна, додека војводата изгледаше господски во црниот смокинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *