25 јуни, 2019

Радио

Војвотката од Сасекс и поранешна актерка Меган Маркл, се откажа од кариерата кога се омажи со принцот Хари, но за среќа на сите нејзини обожаватели, таа се враќа на малите екрани. Имено, контроверзниот филм кој го снимаше во 2011. година, „The Boys & Girls Guide to Getting Down“, конечно треба да почне да се прикажува.

Во споменатиот филм, Meghan, има улога на девојка со лесен морал, зависна од наркотици, а со оглед на тоа дека има експлицитни сцени, неговото прикажување со години беше одложувано. Ликот што Meghan го игра во филмот симулира конзумирање на кокаин, но користи и вулгарен речник, па веста за неговото прикажување сигурно нема да им се допадне на членовите на кралското семејство.

Инаку, неодамна, продуцентите на серијата “Suits” со која се прослави Meghan Markle со улогата на Rachel Zane, на војвотката, и понудија 6 милиони долари за добротворна организација по нејзин избор, само доколку се врати пред камерите. Очигледно е дека актерката и понатаму е барана и после венчавката со принцот Harry.

„Ние само сакаме да ја добиеме на две минути пред камерите. Приказната ќе го следи нејзиниот вистински живот и ќе ја игра улогата на среќна бремена жена“, рече еден од членовите на тимот на Cosmopolitan, додавајќи дека снимањето би траело само половина ден или помалку.

Остави коментар

Почетна // Забава // Meghan Markle се враќа на малите екрани
Горе