Нови детали: Откриен е виновникот за смртта на музичарот

6 септември, 20190
a

Дилерот му продал дрога 50 пати посилна од хероин.

Се појавија нови детали за трагичната смрт на американскиот рапер и поранешно момче на Ариана Гранде, Мек Милер. Е! News дозна дека Камерон Џејмс Петит се појавил на суд. Судијата нареди да биде задржан во затвор без можност за кауција.

Овој налог пристигна скоро една година по смртта на славниот рапер. Камерон Џејмс Петит е уапсен за продажба на фармацевтска дрога, два дена пред смртта на Милер. Според сведочењето во случајот, на 4ти септември минатата година, Петит се согласил да му испорача на Милер 30 милиграми оксикодон, кокаин и Ксанакс, но се покажа дека тој доставил лажни таблети оксикодон кои содржат фентанил – супстанца 100 пати посилна од морфиум! Во изјавата се вели дека осомничениот, по смртта на музичарот, испратил порака до еден пријател со содржина: „Веројатно ќе умрам во затвор“.

https://www.instagram.com/p/BbrboKoAcp6/?utm_source=ig_embed

Мек Милер, поранешното момче на пејачката Аријана Гранде, беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес минатиот септември. Мек и Аријана беа во врска две години, а тој не ја поднесе добро разделбата. Неколку недели по разделбата беше уапсен поради возење во пијана состојба, а кратко потоа почина. Многумина ја обвинија Аријана за неговата лоша ментална состојба, на што таа одговори дека сторила се за да му помогне, но не може да стори ништо повеќе.

View this post on Instagram

@arianagrande #love #goals 💓

A post shared by Ariana Grande ♡ (@arigrande_moonlight_bae) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *