Од бездомник до милијардер!

28 мај, 20190
ed

На музичарот му се предвидува светла иднина.

Британскиот пејач Ед Ширан (28) наскоро можеби ќе биде во можност да не мора повеќе никогаш да работи во животот, бидејќи врз основа на извештаите на странските медиуми, Ед ќе стане милијардер до триесет години!

Тој заработил повеќе од половина милион долари од претходната светска турнеја што ја започна по објавувањето на албумот “Divide”.

Иако турнејата вклучува 260 настапи низ целиот свет, овој тежок распоред очигледно ќе се исплати кога ќе достигне милијардерски статус, тврди “The Sun”.

Експертите пресметаа дека во наредните три месеци ќе заработи уште 100 милиони долари.

„Човек кој живеел на улица, сега е човекот кој ќе стане милијардер. Пред сè, тоа ја покажува моќта на музиката во живо“, вели експерт во музичката индустрија, Марк Борковски, додавајќи дека „Ед очигледно има тим кој знае што прави.“

Ширан неодамна заврши на 17 место на листата на најбогатите луѓе во списанието “Times”, каде што се проценува дека само во текот на 2018 година заработил околу 80 милиони долари, со што ја надмина Адел која беше на 22 место, со вкупно богатство од 150 милиони.

Ед стана познат со хитовите како што се “Thinking out loud”, “Photograph”, “Shape of you”, “Perfect” и други, а за неговите настапи обожавателите се борат за карти.

Сепак, она што не е широко познато е дека Ширан живеел како бездомник две години пред да стане славен.

Сега е јасно дека неговата животна ситуација е драстично различна, и тоа на подобро, а минатата година тој се ожени со љубовта на својот живот Шери Сиборн, така што му оди на сите полиња.

Додека Ед ужива во богатството што го стекна, ние сме оставени да уживаме во неговите песни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi