Омилената актерка: „Вистина е, ја раскинавме веридбата“

4 февруари, 20190
Capture

Courteney Cox, американската актерка која е најпозната по улогата на Моника во телевизиската серија „Friends“, во најмала рака има турбулентен приватен живот кој што не го крие од очите на јавноста. Откако во 2013. година се раздели од тогашниот сопруг, актерот David Arquette, таа започна врска со Johnny McDaid, член на британскиот рок бенд Snow Patrol. Иако во 2015. година медиумите објавија дека тие ја прекинале двегодишната врска, нивната љубов победи и „падна“ веридба. Сепак, Courtney во шоуто на Елен Деџенерис откри дека веридбата била раскината, но дека нивниот однос сега е подобар од било кога. „Вистина е дека ја раскинавме веридбата, и тогаш Johnny се пресели во Англија. Наскоро сфативме дека не можеме еден без друг, и тоа беше тоа. Сега повторно сме заедно и нашиот однос е уште подобар. Се е подобро отколку што беше порано “, рече таа.

Инаку, овој пар својата неколкугодишна врска ја спасува и со посета на терапев, а актерката, во 2017. година, и се довери на нејзината пријателка дека сака да го прошири семејството со својот 12-години помлад партнер. Да се потсетиме, Courteney од 1999. до 2013. година беше во брак со актерот David Arquette, со кого е сеуште во одлични односи, а заедно ја добија ќерката Coco.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi