27 јуни, 2019

Радио

„A Star Is Born“ е еден од филмовите што ја одбележаа минатата година и ja донесе песната на годината „Sallow“. Многу фанови се смееја и плачеа заедно со главните ликови толкувани од Лејди Гага и Бредли Купер, а самиот филм освои многу награди за време на сезоната на доделување на награди.

Иако наградата за најдобар режисер го избегна Бредли Купер, овој актер и режисер дефинитивно не може да се пожали бидејќи филмот кој го режираше со скромниот буџет од 36 милиони долари, му донесе профит од … US $ 425,381,277. Вртоглав износ за кој може само да сонуваме.

Исто така, „Celebrity Net Worth” објави дека вкупната вредност на имотот на Бредли Купер и годишната заработувачка се проценува на 100 милиони долари, што му ги донесе не само „А Star Is Born”, туку и на многуте реклами во кои се појавува, како што е рекламата за сладоледот Häagen- Dazs и популарниот филм „Hangover“.

Остави коментар

Почетна // Забава // Oткриена е вкупната заработка на филмот „A Star Is Born“ и бројката ќе ве остави без текст
Горе