16 октомври, 2019

Радио

Емоционалната изведба на „Shallow“ од Lady Gaga и Bradley Cooper на Оскарите ја „запали“ публиката и итернетот.

Веќе извесно време се зборува за очигледната хемија помеѓу Lady Gaga и Bradley Cooper, кои глумат љубовна двојка во неговото режисерско деби „A Star Is Born“, а кулминацијата на напнатоста се случи минатата ноќ на 91. доделување на Оскарите. Имено, иако филмот на крајот освои само Оскар за најдобра песна, главниот момент на доделувањето беше нивниот заеднички перформанс. Иако тензијата (позитивна) меѓу нив можеше да се пресече со нож, на нас ни останува само да претпоставиме дали тука навистина има нешто или тие се само толку добри актери (во тој случај тие навистина заслужија Оскар).

„Дали ви е потребна соба“ е една од реакциите на Твитер, а реакцијата што веројатно ве интересира е онаа на Irina Shayk. Ако се надевавте на љубоморни испади или барем погледи под око, ќе останете разочарани бидејќи (ако судиме според сликите), Irina е полна со поддршка и љубов кон Gaga.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ова е момент од Оскарите за кој сите зборуваат
Горе