23 август, 2019

Радио

Доделувањето на најважните музички награди, оваа година, за коавторката Alicia Keys, која во текот на нејзината кариера долга 23 години освои 15 Grammy, ќе биде драстично поинакво. Познатата Американка ќе биде водителка на свеченоста која ќе се одржи на 10. февруари во Лос Анџелес.

– Навистина сум возбудена што можам да ви кажам дека ќе бидам водителка на 61-тe Grammy награди. Толку многу работи подготвуваме и не можам да дочекам да ги видите сите, рече 37-годишната пејачка, пренесува музичкиот портал „Idolator“.

На овогодинешните номинации за Grammy доминира музиката за филмовите. Најмногу номинации, дури осум, има Kendrick Lamar за неговата работа на музиката за филмот „Black Panther“, додека Lady Gaga има пет шанси да ја освои престижната награда.

View this post on Instagram

BIG news…. 🔥🔥🔥 (check my story)

A post shared by Alicia Keys (@aliciakeys) on

Дури четири номинации се посветени на ангажманот на Gaga во остварувањето на „The Star Is Born“, а само една за албумот „Joanne“.

На второто место по бројот на номинации е Drake со можност да однесе седум Grammy.

Хип-хоперката Cardi B е номинирана во пет категории, вклучувајќи ја и онаа за албум на годината.

Остави коментар

Почетна // Забава // Пејачката е пресреќа: Доделувањето на „Grammy“ наградите ќе го води Alicia Keys
Горе