Pink ја доби својата „Ѕвезда“ на Hollywood Boulevard: Вие сте моите две ѕвезди без кои не би можела да блескам!
7 февруари, 20190
Пејачката Пинк конечно ја доби својата ѕвезда на Hollywood Boulevard. По две децении блескање на светската музичка сцена, една од најпознатите поп-рок пејачки е наградена со оваа престижна награда. На свечената церемонија, пејачката се појави со своето семејство, а кога и се обрати на публиката и на присутните медиуми, Пинк му се заблагодари на својот сопруг: „Благодарение на тебе, денес сум овде, каде што сум, те сакам, иако ме нервираш секој ден“, рече таа.
Во текот на своето обраќање, Пинк ги спомена и своите ќерки: – Вие сте мои две ѕвезди без кои не би можела да блескам – рече Пинк.