22 март, 2019

Радио

Уште една возбудлива улога за шармантната актерка

Едно од најголемите актерски откритија Margot Robbie, во изминатите неколку години,  за кратко време ни докажа дека е прилагодлива на секакви улоги – Harley Quinn во Suicide Squad, американската легенда за уметничко лизгање Tonyа Harding  во I, и улогата на кралицата Elizabete I. во Mary, Queen of Scots, а наскоро ќе ја видиме во улогата на Barbie!

Matell и Warner Bros. објавија дека соработуваат на првиот live-action филм на Barbie, a главната улога и припадна на Margot Robbie. Иако Matell последниве неколку години се обидува да ги сруши стереотипите за Barbie што сите ги знаеме од детството, главната улога требаше да ја добие Amy Schumer, која целата своја кариера се бори со рушењето на стереотипите и body-positivity,  но Matell сепак одлучи да игра на сигурно.

Иако би посакале да ризикуваат со избор на актерка за оваа улога, веруваме дека Margot уште еднаш ќе не воодушеви.

Остави коментар

Почетна // Забава // Прекрасната Margot Robbie наскоро ќе ја видиме во улогата на Barbie!
Горе