Прекрасните мажи во кои се вљубени сите жени: Леонардо и Бред добија овации од 7 минути, ЕУФОРИЈАТА не престануваше

23 мај, 2019
пит 2

Бред Пит и Леонардо Дикаприо го украдоа шоуто во Кан, појавувајќи се на премиерата на филмот „Once Upon a Time in Hollywood“, во придружба со нивната колешка кој ја толкува една од главните улоги во филмот, Марго Роби и режисерот Квентин Тарантино.

Овациите од 7 минути не се толку изненадувачки кога ќе се појави ваков тим на чело со легендарниот Тарантино.

Пит и Дикаприо беа усогласени во црни костуми со лептир машни и со добро расположение позираа пред фотографите.

Многумина се радуваат на овој филм бидејќи холивудските шмекери  за првпат снимаат заедно, не земајќи го во предвид  краткиот филм „The Audition“ од 2015. година.