6 декември, 2019

Радио

Дваесет и пет години по снимањето на „Friends“, постои можност славната група повторно да се соедини, пренесува Hollywood Reporter.

Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиза Кудро, Дејвид Швимер, Метју Пери и Мет Лебланк, повторно се тука за да го снимат продолжението на светски популарната серија „Friends“.

Изворот нагласува дека сè уште не се склучени договори, но фактот дека сите членови се подготвени повторно да снимаат е голем чекор.

Само пред еден месец, Џенифер Анистон направи селфи со сите членови на серијалот „Friends“, а таа фотографија предизвика општо задоволство каj фановите.

Пријателите се емитуваа на NBC 10 сезони, од 1994. до 2004. година, а на Netflix од јануари 2015. година. Шпекулациите се дека новите епизоди од Friends ќе можеме да гледаме на HBO од мај 2020. година.

Остави коментар

Почетна // Забава // Пријателите повторно заедно: Нови епизоди веќе од 2020. година?
Горе