23 април, 2019

Радио

Враќање на необичното семејство

 „Сите семејства се различни, но некои се многу поразлични од другите“ – со овие зборови започнува првиот трејлер на цртаниот филм за авантурите на најчудното семејството Адамс.

Новата анимирана верзија на семејството Адамс се базира на истоимениот стрип и како што велат нејзините креатори, не е поврзана со претходните верзии на приказната. Овој пат, семејството Адамс ќе се сретне со нов негативец – досадниот телевизиски водител Марг, кој ќе се обиде да го промени вообичаениот ритам на семејниот живот.

Премиерата на долгометражниот цртан филм е закажана за октомври 2019. година и мора да признаеме дека со нетрпение ги очекуваме новите авантури на чудесното семејство!

Остави коментар

Почетна // Забава // Пристигна новиот трејлер за „Addams Family“
Горе