19 август, 2019

Радио

Овој пат на Angelina Jolie и се придружи легендарната Michelle Pfeiffer.

Многу добро сите се сеќаваме на возбудата од пред пет години, кога излезе првиот дел од филмот Maleficent со Angelina Jolie во улога на лошата господарка, а сега на ред дојде и Maleficent: Mistress of Evil, второто продолжение за господарката на злото.

За режијата овој пат е заслужен Joachim Rønning, а Angelina Jolie се врати во главната улога, овојпат со засилување на уште неколку големи актерски имиња, така што во улогата на принцезата Aurora ќе ја гледаме талентираната Elle Fanning, а посебно не радува улогата на кралицата Ingris, која ја толкува легендарната Michelle Pfeiffer.

Филмот во кино салите ќе пристигне на 17-ти октомври, а дотогаш уживајте во првиот официјален трејлер.

Остави коментар

Почетна // Забава // Пристигна новиот трејлер за продолжението на филмот Maleficent!
Горе