Првите фотографии во Тел Авив: Мадона пристигна во Израел, подготвена за Евровизија

16 мај, 20190
мадона 2

Поп пејачката Мадона пристигна во Израел, каде што треба да настапи на Евровизија во сабота, 18-ти мај, пред да започне финалниот натпревар за најдобрата песна.

Мадона во Израел пристигна  во вторникот вечерта покрај шпекулациите дека можно е да го откаже нејзиниот настап поради несогласување околу плаќањето или повикот за палестинско движење да го бојкотира натпреварот, пренесува Ynet news.

Поп дивата, од Лондон допатува со приватниот авион на израелско-канадскиот милијардер Силван Адамс, кој ќе го плати нејзиниот настап кој според гласините, чини околу 1,5 милиони долари.

Мадона престојува во хотелот Дан, каде што целиот 5-ти кат е резервиран за неа и нејзината придружба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *