„Се враќам подобра и посилна“: Halle Berry скршила три ребра, а за ова дозна еден месец подоцна
Популарната холивудска актерка Halle Berry скрши три ребра на снимањето на филмот „John Wick 3“. За повредите не била свесна цели пет недели, по што добила медицинска помош.
До повредите дошло додека снимале опасна сцена, а Halle вели дека по закрепнувањето ќе се врати подобра и посилна.
Таа и покрај болките, продолжила со снимањето, поради што вели дека не знае точно во кој момент се случила повредата и фрактурата.
Halle Berry истакнa дека е професионална и дека својата работа ја доживува многу сериозно, па затоа ги занемари своите болки, размислувајќи само на тоa да го заврши снимањето до крај.
“Не сакав да ги разочарам моите колеги”, рече Halle Berry, која, откако конечно дозна за повредата, најголемата поддршка ја доби од Keanu Reeves, кој ја игра главната улога во филмот.