Серијата „The Crown“ отвори кастинг во потрага по актерка која ќе ја глуми принцезата Diana

18 март, 20190
diana 0

И Меган е актерка…

Netflix објави кастинг за улогата на принцезата Дијана во серијата Crown. Стриминг фирмата е во голема подготовка за четвртата сезона на серијата, во која ќе се појави лик, познатата членка на британското семејство, која трагично почина во сообраќајна несреќа.

 Огласот за четвртата сезона на најнаградуваната драма за кралското семејство, наводно, вели: „Потребна ни е фасцинантна нова млада ѕвезда со извонреден опсег”, пренесува The Telegraph. „Мора да глуми симпатична комичарка, заводлива, социјален протагонист на светската сцена и очајна и осамена личност зад затворените врати со психолошкиот интензитет на актерката Miа Farrow во филмот „Rosemary’s Baby“. Florence Pugh, Lucy Boynton од Bohemian Rhapsody и актерката “Les Miserables” Ellie Bamber моментално се фаворити за престижната улога, тврди Ladbrokes

 Но, еве ги наште две омилени кандидати: Војвотката Кејт и Меган. Би сакале да нагласиме дека Меган има актерска кариера зад себе, што може да го олесни овој тежок избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi