16 септември, 2019

Радио

Авторот на книгата „Sex And The City“,Candice Bushnell напиша нов роман со духовит наслов „Is There Still Sex in the City?“, а правата веќе ги откупи Paramount Television i Anonymous Content .

Основниот заплет е ист како и во серијата „Sex And The City“, ќе гледаме неколку девојки од Њујорк како заедно минуваат низ животот, дискутираат за секојдневните проблеми во бракот, љубовта и пријателството, но со една голема разлика. Овој пат зборуваме за жени во 50-тите и 60-тите години!

„Oргиналниот“„Sex And The City“, беше пресвртница во животот на толку многу жени, вклучувајќи ме и мене”, рече Nicole Clemens, претседателката на Paramount.

„Ние сме возбудени што имаме можност да продолжиме со оваа работа и уште еднаш да ги поместиме границите, така што јасно ќе одговориме во име на сите жени во 50-тите: Да, постои секс во градот”.

Ако сте под импресии и замислувате дека ќе ги гледате Кери, Саманта, Миранда и Шарлот како минуваат низ менопауза, време е за ладен туш – иако договорот е потврден, не се знае кога серијата ќе добие зелено светло за почеток на снимањето, а не е ниту потврдено дали ќе се појави некој од старите ликови.

Остави коментар

Почетна // Забава // „Sex And The City“ добива продолжение за жените во 60 -тите
Горе