17 ноември, 2019

Радио

Актерката Ким Катрал, која беше во улогата на познатата Саманта Џонс во серијата „Sex And The City“, не го промени мислењето дека не би сакала да глуми во некое од продолженијата на некогаш популарното остварување. Шеесет и двегодишната ѕвезда зборуваше за нејзините идни планови во интервју за Mail Online.

На прашањето за идејата да се појави во уште еден филм за познатите другарки во Њујорк, таа рече:

„Никогаш, тоа повеќе не е за мене.“

„Во животот учите лекции, а мојата лекција е дека сакам да работам со добри луѓе и да се обидам да се забавувам“, додаде таа.

Катрал претходно изјави дека има „токсичен“ однос со нејзините колеги.

Остави коментар

Почетна // Забава // Sex And The City? Никогаш, тоа повеќе не е за мене!
Горе