Што ги поврзува Ariana Grande, Miley Cyrus i Lana Del Rey?
2 јули, 20190
Летен хит во најава!
Иако соработката на овие три поп-диви е објавена веќе неколку месеци, конечно откривме што ги натерало да ги здружат силите.
Се работи за новиот филм – Charlie’s Angels кој оваа есен ќе пристигне во кината, а во главните улоги на овој пат ќе ги гледаме Kristen Stewart, Naomi Scott i Ella Balinsk, во режија на Elizabeth Banks, која исто така се појавува во филмот. Пристигна и првиот трејлер за возбудливата нова авантура на Charlie’s Angels, а откриено е дека Ariana Grande, Miley Cyrus i Lana Del Rey ги здружија силите за тематската песна на филмот. Во продолжение ви го претставуваме официјалниот трејлер и дел од новата песна на три поп-диви.