Што правеа Beyoncé и Kelly Rowland заедно во Лас Вегас?

29 мај, 2019
b

Дури и Queen B од време на време мора да си дозволи да се забавува со пријателките, а кога тоа го прави, тогаш тоа е со стил. Таа ги изненади своите фанови појавувајќи се во Лас Вегас во друштво на пријателките, од кои едната беше и Kelly Rowland. Познатата пејачка и членовите на групата Destiny’s Child присуствуваа на концертот на Janet Jackson.

Kelly Rowland после настапот се фотографираше со легендарната Janet Jackson, додека фановите забележаа дека Beyonce си отиде непосредно пред крајот на концертот, најверојатно, за да ја избегне толпата, но фановите тоа не ги спречи да ги снимаат пејачите како уживаат во концертот.