27 јуни, 2019

Радио

Можеби не сме воодушевени од крајот на серијата Game Of Thrones, но едно е сигурно, Sophie Turner и Maisie Williams се две млади актерки кои засекогаш ги освоија нашите срца. Нивниот актерски талент, секако, го оправдаа, но она што особено нѐ воодушеви е нивното пријателство и енергија со која тие зрачат кога се заедно на црвениот тепих. Sophie и Maisie и самите објаснија дека низ неколку годишната соработка и заедничкото снимање развиле огромно пријателство и набрзо станале неразделни, а сега добија идеја да направат филм за нивното пријателство. Веруваме дека ќе мораме да почекаме овој филм да ја види светлината на денот, но Sophie објави дека почнува со подготовки и веќе ја купила првата книга за пишување сценарија.

Остави коментар

Почетна // Забава // Sophie Turner и Maisie Williams планираат да направат филм за нивното пријателство!
Горе