Vin Diesel во солзи поради тешката несреќа која ја доживеа неговиот двојник каскадер

25 јули, 2019
vin

Познатиот актер Vin Diesel тешко ја поднесе несреќата што се случи во студиото на компанијата Warner Bros во Ливсден, Велика Британија, за време на снимањето на деветтото продолжение на филмот „Fast & Furious“.

Joe Watts, двојникот каскадер на Diesel, паднал на глава од висина од речиси 10 метри. Според Daily Mail, сево ова го видел Vin кој едвај се воздржал да не заплаче.

Повредениот Watts веднаш бил префрлен во болница, а според британските медиуми, неговата состојба е се уште неизвесна. Tilly Powell, вереницата на Watts, напиша дека тој е во кома, но неговата здравствена состојба сега е стабилна.

Поради оваа несреќа, снимањето на филмот „Fast & Furious 9“ веднаш беше прекинато.

Watts има работено како каскадер на бројни блокбастери, вклучувајќи ги „SpiderMan“ и „Star Wars“.