Заврши серијата „Game Of Thrones“! Twitter гори: „Ова не е крај каков што заслужуваме“

20 мај, 20190
got

Последната епизода од осмата сезона на мега-популарната серија „Game Of Thrones“ беше објавена минатата ноќ, а крајот предизвика бројни реакции кај фановите на социјалните мрежи. Авторите на серијата  Дејвид Бениоф и Д. Б. Веис во една прилика кажаа: – Ако мислите дека оваа серија ќе има среќен крај, тогаш веројатно не сте обрнувале доволно внимание!

И ова се покажа како вистинито во последната епизода која донесе бројни изненадувања за фановите на најпопуларната серија на денешницата.

Железниот трон, местото околу кое сè се вртеше, на крајот никој не го наследи, бидејќи змејот го стопи со огнот по смртта на неговата кралица Денерис, но титулата на новиот владетел ја доби тивкиот Брен Старк, кој, според коментарите на социјалните мрежи, беше неочекувано изненадување.

Сцената што предизвика најмногу реакции на социјалните мрежи, сепак беше сцената на смртта на Денерис. Неа, со нож и пресуди саканиот Џон Сноу откако и рече: „Ти си моја кралица, сега и засекогаш …“

Многумина, исто така, ги воодушеви сцената во која Џон Сноу повторно се сретна со својот волк Дух. „Мојот омилен дел од последната епизода“, „Совршено”, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи за таа сцена.

„Ова не е крај каков што заслужуваме”, „ Заради ова ли ја гледав оваа серија осум години!”, пишуваат фановите на Твитер, а сите реакции погледнете ги во продолжение…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi