Живот или филм – уапсен е продуцентот на филмот „The Wolf Of Wall Street“

8 јули, 2019
0

Понекогаш животот навистина станува како сценарио од филм, а животот на Rizа Aziz стана многу сличен со филмот што самиот го продуцираше. Да се потсетиме, филмот „The Wolf Of Wall Street“ е приказна за еден човек кој со помош на малверзација стана милионер и заврши во затвор. Слична судбина се чини дека го чека и Aziz.

  Rizа Aziz , продуцентот на филмот „The Wolf Of Wall Street“, во четвртокот беше уапсен во Малезија поради обвинувањата што го поврзуваат со грабежот на голем инвестициски фонд, формиран од неговиот татко и поранешниот малезиски премиер Najib Razak. Кратко потоа, тој беше ослободен со кауција и се очекува да се појави пред судот во петок за да се соочи со формалните обвиненија. Министерството за правда на САД проценува дека од фондот се украдени 4,5 милијарди долари.

Можеби е прерано за шпекулации, но гледаме продолжение што би можело да се извлече од целата оваа приказна. Којзнае, можеби режисерот Martin Scorsese би бил повторно заинтересиран да режира ваков интересен распад.