23 јули, 2019

Радио

Човечкиот Кен, Британската ријалити ѕвезда Родриго Алвес, која во текот на овој месец имаше три операции, кој што јавноста го нарече човек-Кен поради неговата сличност со куклата, ја направи 70-тата операција.

Ова му е трет пат да отиде под нож овој месец, со желба да ги преобликува очните капаци и очите, како би имал „секси изглед“, пишува DailyMail.

Родриго оваа корекција ја направи во Иран, надевајќи се дека ќе му помогне да стане поп-ѕвезда. Имено, Кен на социјалните мрежи објави дека би сакал да го претставува Сан Марино на овогодинешниот Евровизиски натпревар во Израел, но неговата желба не се исполни.

– Имав многу контроверзна операција. Никој нема мачји очи, освен ако не ги оперирале за да изгледаат така. На овој начин, очите изгледаат повеќе секси, побудни и ако користите шминка, можат да дојдат до израз. Хирургот отсече дел од мојата кожа и го отстрани, а потоа ги спои мускулите заедно. Сега не можам да ги затворам очите и потребни ми се капки за да се опоравам“, рече Алвес по зафатот.

На Родриго не му е ниту малку лесно по оваа естетска корекција, бидејќи очите никогаш не можат да му бидат целосно затворени. Инаку, освен лицето, тој целосно ќе го промени својот имиџ.

– Сакам да изгледам помалку досадно. Не сакам да изгледам како да имам 35 години – изјави ријалити натпреварувачот.

Остави коментар

Почетна // Забава // Грозно! Ријалити ѕвездата повторно го шокираше светот: После 70. операции не личи на човечко суштество
Горе