19 ноември, 2019

Радио

Кортни, член на кланот Карашијан, чија реалити програма е една од најпопуларните телевизиски формати од ваков тип, после повеќе од 10 години одлучи да го напушти реалното шоу.

Реалити ѕвездата гостуваше во едно американско шоу каде ја откри причината за нејзината одлука.

„Решив да поминувам повеќе време со моите деца и да надокнадам сè што пропуштивме да направиме заедно“, рече Кортни и додаде дека сепак ќе ја гледаме уште малку.

„Во новата 18-та сезона, ќе продолжам да ви досадувам, а потоа ќе се збогуваме“, истакна таа.

View this post on Instagram

shnuggles

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Реалити програмата за семејството Кардашијан се прикажува од 2007. година, со досега 17 сезони. На почетокот Кортини немаше деца, ниту беше мажена. Таа во моментов има три деца.

Децата ги доби со поранешниот партнер Скот, кој не беше миленик на ова семејство кога за прв пат се појави, а сега стана составен дел на ова реалити.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шок: Познатата девојка го „извиси“ семејството и го напушта реалното шоу!
Горе