СЛАВНИ И БОГАТИ, А ЖИВЕАТ СОСЕМА ЕДНОСТАВНО: Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам ја чисти ШТАЛАТА!
23 јануари, 20190
Тие живеат поинаку од останатите холивудски ѕвезди.
Дејвид и Викторија Бекам ги едуцираат своите деца на најдобар можен начин, а многу познати личности можат да им позавидат на тоа.
Иако важат за еден од најбогатите парови во Британија, Бекамови ги учат своите наследници дека парите не се заработуваат толку лесно.
Всушност, нивните синови често работат по кафулињата за минимална дневница, со цел да го заработат џепарлакот.
Дека живеат поинаку од другите холивудски ѕвезди, Викторија секојдневно покажува на својот профил на Instagram со снимање на видеа на кои што уживаат во обични активности.
Овој пат, креаторката, ја објави својата ќерка Харпер (7) како ја чисти шталата со коњите со вила.
– Зафатена со работа. – напишала гордата мајка.