6 работи кои треба да ги јадете ако сакате да изгледате помладо

13 февруари, 20190
кокос

Овие намирници ќе ви додадат години младост.

Грашок

Не е важно како го јадете грашокот, важно е да го јадете. Докажано е дека грашокот поради антиоксидантите што ги содржи, го забавува стареењето на нивото на клетките.

Ореви

Оревите веќе се покажаа дека имаат позитивен ефект врз мозочната активност, но дали знаете дека ако јадете ореви неколку пати неделно, можете да му додадете неколку години на вашиот живот? За жал, истото не важи и за кикириките.

Моркови

Каротеноидите, кои му ја даваат портокалова боја на морковот, исто така ги забавуваат знаците на стареење, а витаминот А, кој исто така го има многу во морковот, ја штити кожата од бактерии, вируси и стареење.

Сардини

Можеби изгледа неочекувано што сардините се најдоа на оваа листа, но тоа навистина не треба да ве изненади. Тие се богати со омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од дијабетес или срцеви заболувања. Покрај тоа, тие исто така содржат витамин Б12, кој исто така е клучен за млад изглед. Дополнителен бонус е дека сардините обично не содржат токсини како туната и другите големи риби, токму затоа што се мали и се наоѓаат на дното на синџирот на исхрана.

Кокос

Важно е вашата исхрана да содржи здрави масти, какви што има на пример во тропските плодови. Едно истражување покажа дека таквите кокосови масти го спречуваат уништувањето и стареењето на ДНК кодот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi