3 јуни, 2020

Брачниот пар Клуни, кој ретко имаме можност да го видиме во јавноста, вчера се појави на хуманитарната вечера кај принцот Чарлс во Бакингемската палата.

Некогашниот најпосакуван ерген и убавата адвокатка за човекови права, за оваа пригода убаво се дортераа и ги украдоа сите погледи. Особено Амал.

Г-ѓа Клуни беше облечена соодветно на атмосферата и изгледаше како вистинска принцеза во прекрасниот бел фустан од парискиот дизајнер Жан-Луи Шерер, од пролетната колекција од 2007. година.

Асиметричниот фустан има долг додаток кој оди преку едната рака, додека другата страна на фустанот има златен светкав ракав, кој Амал го искомбинира со златна ташна.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Amal Clooney изгледаше како вистинска принцеза на вечерата во Бакингемската палата
Горе