Cardi B ни сервираше уште еден vintage бисер
Во чија ахриха овој пат не однесе познатата пејачка?
Vintage Thierry Mugler комбинацијата која ја носеше Cardi на доделувањето на Греми наградите, ќе биде запаметена засекогаш, а се чини дека оваа комбинација на облека предизвика голем тренд на vintage парчињата кои им се познати на обожавателите на облека.
Cardi продолжи да носи генијални vintage парчиња, а овој пат таа одбра палто од есенската колекција на Paco Rabanne од 2005. година. Крзненото палто го искомплетира со предимензионален шешир на Sarah Sokol и со Cascada златни чевли , а дека таа навистина обожава шешири ни покажа и во комбинацијата потпишана од дуото Ralph & Russo..
Што велите вие, дали Cardi ви се допаѓа повеќе во vintage крзненото палто или во фустанот на најновата колекција Ralph & Russo?