Чизмите во бела боја и оваа година ќе владеат по улиците

18 јануари, 20190
3

Исто како што беше најавено, оваа година хит меѓу чизмите до глужд ќе биде една (не) боја – а тоа не е класичната црна.

Иако уште во 2016. година станаа неопходен дел од сечиј изглед, не е доцна да ги купите, ако сеуште не сте се одлучиле.

Иако најлесно е да се стигне до црн модел, без оглед на тоа за кој предмет се работи, веќе неколку сезони како  must have парче се наведува белата нијанса, особено на чизмите до глужд.

Уште во 2016. година почнавме да се навраќаме на 1990-тите години, што беше поддржано од многу познати дами, но, иако многумина очекуваа дека ова ќе потрае само неколку сезони, тие ќе се носат и оваа година.

Тоа беше најавено на модните ревии од Louis Vuitton, Givenchy и Proenza Schouler, а ќе се носат и популарните „чорапи“ чизми, оние со блок пета, како и “kitten” моделот и каубојските чизми што оваа година ги освоија улиците.

Некои од нив сеуште можете да ги фатите на намалување, додека други парчиња од новите колекции штотуку пристигнаа во продавниците, но во секој случај ќе бидат одличен додаток, без оглед на стилот кој сте го избрале.

Особено ќе бидат добар избор кога пролетта ќе пристигне, во комбинација со светли парчиња облека, а освен до глуждот, ќе се носат и малку повисоки модели.

Погледнете ги парчињата кои ќе бидат одличен избор во текот на пролетната, но и за следната студена сезона!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi