Дали диетата почнува од главата?

15 јули, 20190
dieta

Сѐ почнува од главата, сме слушнале многу пати. Овој принцип исто така може да се примени и кога станува збор за диета. Ако одлучиме да јадеме поздраво, нема да биде доволно да се фокусираме само на зеленчук, да го намалиме внесот на масти и јаглехидрати, туку и да размислуваме на одреден начин.

Германската студија покажа дека луѓето што размислуваат за здрава храна додека подготвуваат оброци, сервираат помали порции, што е клучен фактор за губење и одржување на телесната тежина, пишува News. Учесниците во студијата беа поделени во три групи. Првата група требала да се фокусира на здравствените придобивки од храната, втората да ужива во вкусот, третата на ситоста, додека контролната група не добила никакви упатства за однесување.

Најмали порции одбирале испитаниците од првата група, што значи дека кога свесно размислуваме за здравствените придобивки, донесуваме подобри одлуки кога е во прашање храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi