20 септември, 2019

Радио

Една од најголемите работи поради што ги критикуваат Kardashians е нивниот стил на облекување и начинот на кој тие ги копираат другите трендсетерки – неодамна Kim Kardashian беше обвинета за копирање на Naomi Campbell, а Khloé Kardashian двапати го ископира кристалното фустанче на Rihanna.

Овој пат, Kylie Jenner ја критикуваат бидејќи ја копира пејачката, дизајнерка, актерка и beauty божица, Rihanna. Со цел да ја промовира својата нова летна колекција Kylie Cosmetics, Kylie направи фотографија во леопардски комбинезон, модел вреден 695 долари од дизајнерот LaQuana Smith.

Кога луѓето ја видоа нејзината објава, неколку од нив забележаа дека Rihanna ја носеше истата облека пред Kylie. И кога Page Six објави споредба од нив две, многумина ја обвинија Kylie за крадење на стилот на Rihanna и открија случаи од минатото, кога и двете носеле сосема слични комбинации.

Мораме да признаеме, тешко е да не се согласиме со оваа споредба.

Остави коментар

Почетна // живот // Дали Kylie Jenner претера копирајќи го стилот на Rihannа?
Горе