Дали новата колекција SKIMS ќе го повтори маестралниот успех на првата колекција

16 октомври, 20190
kim

 Кога после многу полемики и незадоволство, Ким Кардашијан ја објави својата прва shapewear колекција под името на нејзиниот нов бренд SKIMS , колекцијата се распродаде за неколку минути, а  ѕвездата заработи 2 милиони долари.

Не трабаше да помине многу време, Ким следниот ден на својот Инстаграм профил им се заблагодари на многуте фанови, ветувајќи дека SKIMS залихите ќе ги обнови што е можно поскоро. Најпопуларната членка на кланот Кардашијан го исполни во ветувањето, а неодамна започна кампања за новата колекција SKIMS, наречена „Cotton Collection“, која e во продажба од вчера, 15 октомври.

Ѕвездата на кампањата, секако, е самата Ким, а колекцијата е дизајнирана за во релаксиран домашен амбиент и се состои од удобни градници и гаќички, хеланки и топ во неутрални нијанси кои го обликуваат женското тело, но на еден опуштен и обичен начин. Ким, овој пат се погрижи во понудата на SKIMS да има широк спектар на големини, така што новата колекција можете да ја пронајдете во големини од XXS до 4XL.

Дали новата колекција SKIMS ќе го повтори маестралниот успех на првата колекција и ќе заработи неколку милиони? Веројатно на ова прашање ќе имаме одговор уште утре утре, но некако очекуваме дека милиони обожаватели едвај чекаат да додадат барем едно SKIMS парче во нивните гардеробери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi