Дуа Липа нѐ воодушеви со необичниот моден детаљ
Необичен додаток кој ќе ве сокрие од непосакуваните погледи!
Дуа Липа е позната по експериментирањето со нејзиниот стил и необичните комбинации на облека, дури и кога станува збор за одење на аеродром, а нејзината најнова комбинација особено нè воодушеви. Познатата пејачка на аеродромот се појави во невообичаена комбинација во зелена боја, а она што нас посебно не воодушеви беше нејзината предимензионална крзнена шапка што е одличен избор за сите познати личности кои сакаат да се сокријат од фановите и вредните фотографи кои го следат секој нивни чекор.
За дизајнот на овој необичен моден додаток е заслужна британската дизајнерка Emma Brewin која стана позната токму по својата шапка со вештачко крзно, која ја видовме во сите можни едиторијали, а ги носеа Rita Ora и Miley Cyrus.
Што велите, би го носеле ли вие овој необичен моден додаток?
https://www.instagram.com/p/BtaVirBhXbg/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BrPVUHkAW4F/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BldJRprljCh/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BcUHtFiH2d7/?utm_source=ig_embed