Елегантни ташни кои ќе го заслужат првото место на вашата листа на желби
12 февруари, 20190
Откријте го новиот генијален бренд кој го обожаваат трендсетерките.
Ако ташните се ваша слабост, овие посебно ќе ве воодушеват. Станува збор за австралискиот бренд Respiro Studio, чии основачи стојат зад двата бренда за накит Valet Studio и Reliquia, а овие ташни совршено се вклопуваат во шармантната ретро приказна што ја засакавме преку овие брендови. Невообичаените ташни со правоаголна форма, со имитација на мермер, обложени со монистри или во минималистички варијанти на интензивни бои веќе ги освоија срцата на трендсетерките, а поради нивната прифатлива цена, веруваме дека ќе ги гледаме се повеќе и почесто во претстојните пролетни месеци.Откријте како трендсетерките ги носат во секојдневните комбинации.