Емоции: Што да јадете во зависност од расположението?

8 мај, 20190
тр

Дали некогаш сте се запрашале зошто ви се јаде чоколадо кога сте тажни? Или зошто одредена храна ви помага да се смирите кога сте напнати и нервозни? Различни видови на храна влијаат на нашето расположение на различни начини, а нашето тело тоа многу добро го знае. Дозволете ни да ви предложиме што треба да јадете и што да избегнувате во зависност од тоа како се чувствувате.

Стрес

Ве притиска рокот на работа и ви се чини дека нема да стигнете да направите ништо? Земете длабок здив и земете неколку семки од тиква, лен или ореви. Храната богата со омега-3 масни киселини го враќа магнезиумот во организмот кој ни помага да се справиме со стресот. Ако сте под голем стрес, тој ден за вечера подгответе риба.

Анксиозност

Се ближи важно интервју за работа? Или се подготвувате за првиот љубовен состанок? Напијте се малку сок од лимон или јадете оброк со компири. Тие се полни со витамини Ц и Б комплекс кои ќе ви помогнат да се опуштите. Избегнувајте пржена храна и кофеин бидејќи тоа само ќе ја влоши анксиозноста. Храната богата со протеини, како пилешкото, исто така е добра. Протеините помагаат во создавањето на допамин кој ќе ве држи будни.

Тага

За вас е темно чоколадо. Тоа веднаш ќе ги подигне вашето расположение и енергија и ќе ве натера да се чувствувате подобро. Храната богата со магнезиум како банани и кајсии исто така не се лоши за тагата. Фолната киселина што може да ја консумирате преку спанаќ или чаша сок од портокал, исто така, ќе ве расположи.

Лутина

За да го задржите вашиот гнев под контрола, јадете храна која има освежителен и ладен ефект – краставици или јогурт. Чаша ладно млеко исто така не е лош избор. Избегнувајте газирани пијалаци и алкохол, бидејќи тие само го зголемуваат гневот. А тоа сигурно не го сакате, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi