Француска мода на холивудски начин: Кијану Ривс е новото заштитно лице на Yves Saint Laurent

6 мај, 2019
ec

Холивудскиот актер Кијану Ривс стана новото заштитно лице на познатиот француски бренд Yves Saint Laurent и покажа дека новата улога одлично му прилега.

На црно-белите фотографии, 54-годишниот актер, со црна коса и сериозен израз на лицето во одело изгледа мистериозно и замислено, додека во другиот кадар носи очила за сонце.

Освен во елегантното одело, Ривс се појави во опуштено издание, кожна јакна, фармерки и кошула. Ова е реклама за новата кампања за есен / зима 2019/20.

Многу фанови се воодушевени, а најчестите коментари се дека моделот е конечно во склад со брендот – маженствен и згоден.https://www.instagram.com/p/Bw5Nv9yBqPC/?utm_source=ig_embed